Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4 596, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување од 3.0 % има и кај бројот на умрените лица. Во второто тримесечје починале 5 064 лицa, а од нив 51 се доенчиња.
Природниот прираст изнесува -468, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.
Во втриот квартал, според статистичката евиденција, биле разведени 181 брак.