Италијанските клубови бараат од раководството на Серија А да го одложи стартот на сезоната 2020/2021. Новата сезона според планираното треба да започне на 19 септември.
Според пишувањата во медиумитет, клубовите побараа одложување на првото коло и тоа за една недела. Интер е најактивен и тој ќе побара од Серија А продолжување на летната пауза, без разлика дали ќе го поддржат и другите клубови. Клубот сè уште не испратил официјално барање до раководството на лигата, но тоа ќе се случи деновиве.