Во изминатите 24 часа во Хрватска се регистрирани 304 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) е 2420.
Меѓу нив, 194 пациенти се во болница, од кои 13 се на респиратор.
Две лица починаа.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 9.192 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 177 починале, а 6.595 оздравеле.
Во моментов има 8388 лица во самоизолација.
До денес, тестирани се вкупно 160.236 лица, од кои 2.849 во последните 24 часа.