Македонските претставници во првото квалификациско коло од фудбалската Лига Европа, Шкендија, Ренова и Шкупи кои своите натпреаври ги играат како гости по првото полувреме резултски им парираат на своите ривали. Мрежите мируваат (0:0) на сите три средби. Шкендија ја има иницијативата против Сумгаит во Азербејџан, а Шкупи и Ренова се во подредена улога во пресметките со Нефчи односно Алашкерт.
Шкендија имаше неколку шанси да постигне гол преку Ахмеди и Ибраими, и на пауза да замине со преднсот но не ги искористи.
Ренова во Ереван се брани пред Алашкерт кој е поофанзивната екипа со повеќе шанси во првиот дел иако и „гипсарите“ имаа одлична можност во 32. минута кога домашниот голман спаси под гредата.
Слична е ситуацијата и во Баку, каде Шкупи успешно ги запира налетите на фаворизираниот Нефчи.