Поради санирање на уличен дефект прекинато водоснабдување од доцна попладнево имаат граѓаните кои живеат на Булеварот „8-ми Септември“, улиците „Руѓер Бошковиќ“ и „Веселин Маслеша“, а со намален притисок се и улиците „Бранислав Нушиќ“ и „Шекспиров“.
Вработени од Фирмата Бег при изведување своите работни задачи денеска на Бул. „8 Септември”, предизвикале уличен дефект со водоснадувањето. Како што инфомираат од ЈП „Водоводод и Канализација”, во овој случај е скината водоводната цевка.
– Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.8-ми Септември,„Руѓер Бошковиќ“ и „Веселин Маслеша“, а со намален притисок ул.Бранислав Нушиќ и Шекспирова од 17:20 часот до санирање на дефектот,информираат од ЈП „Водовод и Канализација”.