Две од трите македонски фудбалски екипи изборија пласман во 2. квалификациско коло во Лига Европа.
Ренова забележа победа на гостувањето во Ерменија кај Алашкерт, додека во Азербејџан, македонските тимови имаа половичен успех. Шкупи пружи достоен отпор во Баку, иако загуби од апсолутниот фаворит Нефчи, додека Шкендија во Сумгаит го надигра истоимениот тим.
Резултати:
Алашкерт – Ренова 0:1 (стрелец Мишковски 58. минута)
Нефчи – Шкупи 2:1 (голот за Шкупи го постигна Дарбо Дембо во судиското надополнување)
Сумгаит – Шкендија 0:2 (Ибраими 56. и Дориев 89. минута двата гола од пенал).