Белоруската полиција денеска уапси дваесет новинари кои се подготвувале да ги следат протестите во центарот на Минск.
Полицијата им ги конфискувала нивните телефони и документи, пренесува сведок на Ројтерс.
Причината за нивното апсење сè уште не е позната.
Протестите во Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август, за кои критичарите на претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт цели 26 години, велат дека биле лажирани.