Фестивалот за електронска музика „Проект калабалак“ во Радовиш со богата програма и под строги протоколи

Шестиот голем музички спектакл „Проект калабалак“ ќе се одржи утревечер во 21 часот под отворено небо на паркингот „Орел“ во Радовиш. На повеќечасовниот музички настан, кој го организира здружението на граѓани „Experience in music“, ќе настапат легендата на белградската и балканска техно-сцена Марко Настиќ и еден од најпознатите диџеи на ноќната сцена во Грција – DJ DINO MFU.

За комплетно музичко шоу ќе се погрижат и најдобрите домашни диџеи – веќе докажаниот и еден од најдобрите во Македонија – диџеј Никифор, младиот и уникатен диџеј Ампов и диџеј Marsabb.
Организаторот будно ги следи препораките на здравствените власти и протоколот за организирање настани од Владата на СРМ и најавува фестивал строго организиран според нив, а истовремено ќе гарантира добра забава.

Согласно протоколот, капацитетот на паркингот „Орел“ за овој настан ќе биде адаптиран на 20 отсто од вкупниот број посетители што може да ги смести.
Во претпродажба се пуштени само 800 влезници по цена од 300 денари. Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk.
Целта на „Проект калабалак“ е да се реализира спектакл кој ќе предизвика поинакво музичко доживување за љубителите и познавачите на електронската музика.
Првото издание беше во 2015 година и остави голем впечаток кај љубителите на електронската музика од цела Македонија.
Фестивалот се одржува со поддршка на општината Радовиш и на Министерството за култура.

https://www.facebook.com/ProjectKalabalak

Треба да знаете
Последни објави