Насер Зибери наместо прв премиер Албанец на Македонија, ќе стане народен правобранител, дознава ТВ21.
Узбори на телевизијата велат дека нотарот и поранешен пратеник и ми9нистер за труд и социјална политика ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.
Оваа функција се бира од Собранието со 8 годишен мандат, а Мемети на оваа позиција е од 2004.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, инаку партија која го промовираше Зибери како кандидат за премиер, рече дека „тој ќе продолжи како нотар додека не добие некоја одговорна функција“.