Велика Британија го прошири списокот на високо ризични земји од кои патниците кои доаѓаат на островот мора да бидат во двонеделен карантин.
Швајцарија, Јамајка и Чешка се додадени на списокот на „земји во карантин“ и секој што ќе влезе во Велика Британија во недела по 4 часот ќе треба да оди во самоизолација 14 дена, пренесува Би-би-си.
Британската влада одлучи да воведе карантин за патници од одредени земји секојпат кога бројот на заразени на 100 илјади жители е поголем од 20 во период од 7 дена по ред.