Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук ќе игра на петтиот натпревар од првото коло од плеј-офот со Оклахома, објави новинарот на „The Athletic”, Кели Аико.
Ѕвездата на „ракетите” закрепна од повредата мускулот на десната нога.
Првичниот термин за петтиот натпревар во серија меѓу Хјустон и Оклахома е закажан за сабота, 29 август, но поради бојкотот на играчите кои протестираат против расизам, неизвесно е дали ќе се одигра во тој термин.