По информациите дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, коментар даде Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците.
Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител бидејќи таа позиција е наменета за опозицијата.
Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемети, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.