Петровски: Ке си оди ли Мицкоски?

Поенти од колумна на Филип Петровски, член на Иницијативниот одбор, објавена на порталот 365.com.mk  со наслов „Ќе си оди ли Мицковски” и може да ја погледнете на следниот линк:  https://365.com.mk/327229/ke-si-odi-li-mitskovski

Ако може да се направи анкета во која сите членови најискрено би кажале дали сметаат дека Мицковски е вистинскиот претседател во кој имаат максимална доверба и кој има најголем лидерски капацитет за партијата повторно да почне да победува, огромен дел од членовите, многу близок до тие сто проценти, ќе ви одговорат со НЕ!

Мицковски грчевито се бори да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, иако самиот изјави дека ако ги загуби изборите, ќе си поднесе оставка. Сега-засега успева во тоа, иако прави секојдневни утки. Како му успева и покрај слабите перформанси, што е тоа што го штити од брзо заминување од позицијата? Постојат три основни фактори:
Прво, го штитат луѓето кои се во неговата непосредна околина; вториот фактор – поделеноста во ВМРО-ДПМНЕ; и третиот фактор кој Мицковски сеуште го одржува – Статутот.

Трите „пилари” на кои се потпира претседателствувањето на Мицковски:
– клиентелизмот и полтронството на екипата околу него, т.е. членови на кои има поважно да имаат фиктивна позиција во партијата отколку таа да победува,
–длабоката поделеност на партијата и недоволната иницијатива поделените групи да се обединат,
– недемократските акти на партијата кои максимално ја отежнуваат постапката за предвремена смена на претседателот.
Сепак, и ваков систем на барикади нема да може да го одбрани Мицковски. Како и кај секој троножец, доволно е да откаже едната потпора.

Треба да знаете
Последни објави