Петровски: Зоран Заев за формирање на неговата нова влада , најголема благодарност му должи на актуелниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски да беше барем малку политички мудар , Зоран Заев немаше да стане премиер по втор пат.
Со Мицкоски на чело како “шпицен” кандидат , ВМРО-ДПМНЕ промаши пенал на празен гол.
Денес во Собранието на Република Македонија се бира Влада. За жал не се бира таа Влада за која што Извршниот и Централниот Комитет на партијата го овластија Претседателот Христијан Мицкоски да ја преговара и договори. Се бира уште една влада на СДСМ.
Тоа е уште еден пораз во низа. После загубените Претседателски и Парламентарни избори , Претседателот Мицкоски ја загуби и битката за формирање на влада.
Доста е веќе од порази. Доста е веќе од лаги со кои поразите се претставуваат како победи и се навредува интелигенцијата на членството. Формирањето на влада на СДСМ не може во никој случај да биде победа.
ВМРО ДПМНЕ знае што значи победа. Затоа одговорност мора да има. Јаловите и бледи настапи во собранието не може да бидат замена.
Вистинскиот и единствениот пат за да застане ВМРО-ДПМНЕ на цврсти нозе и да почне да победува е одржување на вонреден конгрес и избор на ново раководство. Само така ќе ја запреме агонијата што секојдневно ја гледаме.
Раководството не смее веќе да живее во стаклено ѕвоно. Мора да почне да го слуша членството. Затоа пак ќе порачаме, престанете со апсурдните оправдувања дека не сте добиле формално барање за свикување на конгрес. Ниту некој формално го бараше тоа од Груевски, ниту некој формално го бараше тоа од Георгиевски. После секој пораз, треба соочување со реалноста и преземање на одговорност.
Бараме вонреден конгрес на кој што сите заедно ќе избереме ново раководство. За добро на партијата и за добро на Македонија.
Треба да знаете
Последни објави