Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, беше првиот пратеник што се обрати во рамки на дискусијата на денешната собраниска седница, веднаш по излагањето на мандатарот Зоран Заев.
Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат. Оваа коалициона влада е коалиција на лагата. Гледаме дека ветувањата не важат, дека важат до завршуваме на изборната кампања и после стапуваат интересите, рече Николовски.
Костадин Костадиновски од СДСМ му реплицираше на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ дека одамна ги најавувале протестите кои никаде ги нема и дека му е неоснована критиката дека автопатишта не се градат зошто по истиот пат Николовски и возел.
– Во Струмица после 33 години се завршпи новата болница, после 40 години таму за првпат се гради нова детска градинка. заборавате. Николовски додека имавте чест да бидете на власт, за Струмица ништо не направивте. Затоа уште долг ќе си седите во опозиција. – рече Костадиновски.