Соседите Работнички и Вардар ремизираа во „Градски парк”

Градското дерби меѓу соседите Работнички и Вардар одиграно попладнево во рмките од 4. прволигашко фудбалско коло заврши без победник 1:1. Пред овој натпревар на Вардар му беше врачен шампионскиот пехар за сезоната 2019/20 која беше прекината поради пандемијата на коронавирус.

На другите два денешни натпревара од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига:
Академија Пандев – Струга Трим Лим 1:0
Македонија ЃП – Беласица 2:1.

Утре играат Шкупи и Пелистер, додека в понеделник се среќаваат Шкендија – Борец и Силекс – Ренова.

Табела: Силекс 7 бода, Шкупи 7, Шкендија 7, Македонија ЃП 6, Ренова 5, Работнички 5, Пелистер 5, Борец 4, Струга 4, Вардар 4, Академија Пандев 3, Беласица 0.

Треба да знаете
Последни објави