Пратеник од власта позитивен на КОВИД-19 непосредно пред гласањето за нова Влада

Собранискиот спикер Талат Џафери прогласи пауза од половина час, по што се очекува да продолжи расправата и гласањето за новата влада во Собранието, пишува курир.

Според последните информации, еден пратеник од редовите на ДУИ е позитивен на КОВИД-19, поради што службите ќе го внесат во посебна просторија со посебен протокол за гласање.

Тој два дена не доаѓал на работа и не бил помеѓу другите пратеници.

Ова значи дека во салата ќе присуствуваат 61 пратеник кои се очекува да гласаат за новото парламентарно мнозинство и новата Влада предводена од СДСМ и ДУИ, плус ДПА, додека пратеникот позитивен на коронавирус ќе се наоѓа во посебна просторија и ќе гласа од таму.

Треба да знаете
Последни објави