Привремен премин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани од 12 до 15 часот

На патниот правец Кичево – Охрид поточно на делницата Пресека – село Врбјани денеска од 12 до 15 часот, сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути поради градежни активности на патот.

Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека на останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по сува коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања, освен на Ќафасан каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.

Треба да знаете
Последни објави