Волфсбург е најзвучното име од трите потенцијални противници на „гипсарите“, зашто преостанатите два се екипи од вившијугословенските простори, сплитски Хајдук (Хрватска) и мостарски Зрињски (БиХ), кој лани ја елиминираше Академија Пандев во првото квалификациско коло во ова натпреварување.
Шкендија и за оваа рунда ја има улогата на носител, но од трите потенцијални ривали, два се доста незгодни. Првиот е романски Ботошани, кој во своите редови има дваја поранешни македонски репрезентативци, Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Вториот незгоден тим е софиска ЦСКА, додека веројатно најлесен за тетовските црвено-црни е молдавски Сфинтул Георге.