Мицкоски нема намера да поднесе оставка

На денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја критикуваше новата Влада. На крајот спомена и за иницијативата за вондерен Конгрес, и барањето на негова оставка. Мицкоски истакна дека нема намера да поднесе оставка.

„Сега малку за оние иницијаторите, кои со тие иницијативи само помагаат на СДСМ и Зоран Заев. Немам намера да поднесам оставка. Затоа што тоа оди во прилог на СДСМ и на Заев. А, треба да се бориме против тоа зло“, рече Мицкоски кој напомена дека до седиштето на партијата не пристигнало никаква иницијатива за свикување вонреден конгрес.

Треба да знаете
Последни објави