(Видео) Четворица Јужнокорејци загинаа во судир со американско оклопно возило близу Сеул

Четворица Јужнокорејци загинале, а еден американски војник се здобил со полесни повреди откако патнички автомобил се судрил со американско оклопно возило кое се движело кон воената база недалеку од Сеул, пренесува РТ.

Несреќата се случила во градот Почеон, 40 километри северно од Сеул, главниот град на Јужна Кореја, доцна во неделата, објави новинската агенција Јонхап.

Автомобилот со четворицата цивили наводно удрил во задниот дел на американското воено возило на пат кон воена база во Чеорвон, во провинцијата Гангвон на границата со Северна Кореја.

Четирите жртви на возраст од околу 50 години, биле пренесени во болница, но подоцна во текот на ноќта им подлегнале на повредите и покрај напорите да ги реанимираат. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека предниот дел на патничкиот автомобил е смачкан, а остатоци од него се расфрлани по патотч

Американскиот персонал, кој се враќал од вежба, излегол релативно неповреден од несреќата која предизвикала оштетување на гасениците на оклопното возило. Еден војник е пренесен во болница со полесна повреда.

Не е јасно што довело до судирот. Од полицијата велат дека ќе биде извршена обдукција на возачот на патничкиот автомобил. Локалните медиуми јавуваат дека военото возило се движело бавно со вклучени задни светла пред автомобилот да удри во него.

Треба да знаете
Последни објави