Царовска за ќе се сретне со сите наставнички и наставници

Во интервју за НОВА, новата министерка за образование Мила Царовска зборува за предизвиците на нејзиниот мандат во услови на актуелната здравствена криза.
НОВА: Како ќе ја решавате дилемата околу наставата во услови на ковид-кризата? – Онлајн или редовна
Царовска: Почетокот и спроведувањето на учебната година на сите нивоа на формално и неформално образование претставува еден од најсериозните и најтешки предизвици и за мене, за МОН и за Владата. Оттаму, тој сложен процес, во вакви услови го поставуваме како врвен приоритет на самиот старт од преземањето на функцијата. Во изминатиот период, со право, се води генерална и широка дебата за најдобриот модел. Притоа, во овој момент правиме се за да дефинираме и спроведеме најдобра практика. Притоа, можам да ги кажам, за мене важните принципи и рамки. Сосема искрено, и јас во овој процес влегувам како Министерка, но и како загрижен и одговорен родител, како што сите родители го сакаат најдоброто за своите деца. Конкретно, не смееме да дозволиме црно-бела слика и исклучиви позиции, односно избор: или здравје или образование на децата. Тоа не е добро. Мораме и работиме да овозможиме и здравје и солидно, ефикасно, ефективно образование. Во оваа ситуација не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме да понудиме најсоодветна солуција, затоа предлагаме комбиниран модел. Многу е важно да се разбере дека тој модел не е статичен, туку динамичен, истиот ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба и препораките на надлежните институции. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и Европа, решенијата се национални, а не универзални. Како Министерка, во рамки на возможното, ќе инсистирам на квалитетен модел на образование на сите нивоа, со физичко и со онлајн присуство, и за таа цел, интензивно работиме на обуки, техники, опрема и контрола на процесот. За сите, овие работи се нови. Но, мораме да успееме кога е најтешко. Најважно, од самиот почеток, сите одлуки, реализација, мониторинг, контрола и промени, ќе ги правиме во дијалог и консултација со  сите засегнати страни. Тука не смее да има дневна политика, а мора да има целосна посветеност и одговорност.
НОВА: Кој е првиот кокретен проект на кој ќе се нафатиш како министер во ресорот образование?
Царовска: Веќе зборевме за првиот проект, во услови на криза да имаме квалитетно образование, со целосно запазување на здравјето на учениците. Но, кога збориме за образованието, тоа е една од областите каде инвестирате денес, а ефектите се долгорочни. Мене тоа ми е сосема јасно и тој предизвик го прифаќам. Владата, Премиерот, јас и мојот тим имаме бројни проекти за кои навреме и целосно ќе ја информираме и вклучиме јавноста. Образованието мора да биде на исто рамниште како и здравството, економијата, итн. Добро образование значи и економија на знаења, конкурентност, вработувања, раст и развој, значи помало иселување и нова демографија на државата. Тоа е историска одговорност. Токму затоа, имаме концепт, акции и човечки потенцијал за модернизирање на образованието на сите нивоа, почнувајќи за промена, од основното образование на пример. Имаме посебни, но интегрирани планови за сите нивоа на образование, како и за квалитетот, позицијата и одговорноста на наставно-образовниот и научен кадар. Веќе разговарав со сите релевантни фактори во државата, но особено и надвор, за трансформација на образованието во највлијателна и највредна инвестиција на државата.
Треба да знаете
Последни објави