59-годишен пациент во атинската болница Каидари избодел медицинска сестра, а потоа си го одзел животот.
Откако прободел медицинска сестра, еден албански пациент скокнал од четвртиот кат на зградата на болницата, јавува АНА.
Раководството на атинската болница соопшти дека повредената медицинска сестра е надвор од животна опасност, и дека мотивот за овој напад сè уште не е познат.