Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска во својот кабинет го прими раководителот на Одделот за соработка во Европската делегација, Никола Бертолини.
Таравари го информираше Бертолини за достигнувањата и предизвиците со кои се соочува општина Гостивар во овие неполни три години од новото општинско раководство.
Од друга страна, Беротилини го извести градоначалникот Таравари за јавните повици за ИПА фондови и можностите Општина Гостивар да аплицира за истите, со посебен акцент на проекти поврзани со подобрување на статусот на ромската заедница.
На средбата присуствуваа и Валбон Лимани – шеф на кабинетот на градоначалникот и Афердита Хамза – одговорна за социјални прашања при општина Гостивар, како и претставници на ромската заедница.