Детска Kлиника: Не постојат докази дека бруфенот е штетен, давајте го кај децата кои не реагираат на парацетамол

Според досегашните сознанија на стручната јавност за состојбата на децата заболени од Ковид 19, се знае дека тие ја минуваат полесно од возрасните- пишуваат на фејсбук од Детката клиника.
Но, убаво е да се знае дека засега не постои специфична терапија ниту третман за лесни состојби кај болните од Ковид 19.
Потребно е да се ублажат симптомите.
Родителите треба да знаат дека на децата ќе им биде потребно следново :
• Мирување
• Правилна исхрана и доволен внес на течности • Температурата може да се намали со aнтипиретици
• На почеток од лекувањето може да се користи
Парацетамол, но кај децата кој слабо реагиират на него може да се вклучи и Ибупрофенот
• За сега нема студии кои покажуваат дека Ибупрофенот како лек е збранет, така да клиничкото
искуство не може да биде доволен и доверлив доказ • Секако може да се користат суплементи за јакнење на имунитет кои во себе ги содрат некои од овие суплементи или нивна комбинација: Витамин Ц, Д, А,Е, бета глукан, Цинк и пробиотици- велат од Клиниката.
(В.А.)
Треба да знаете
Последни објави