Германија донираше маски за затворите

Германската амбасадорка Анке Холштајн, заедно со Маша Бубањ од организацијата ,,Help – Hilfe zur Selbsthilfe”, денеска предаде донација финансирана од страна на Сојузната Влада, за имплементирање на мерки за заштита од Ковид-19 на директорот на Управата за извршување на санкции во Министерството за правда, Јовица Стојановиќ.

Донацијата, како што соопшти Управа за извршување на санкции, е предвидена за КПД Идризово, КПУ Затвор Охрид, ВПД Тетово и КПД Штип, а е дел од соработката меѓу организацијата ,,Help” и Управата за извршување на санкции како и Македонското пенолошко друштво во рамките на регионалната проектна компонента ,,Improvement of the treatment programmes in correctional institutions”.

Донацијата се состои од 4.126 ФФП2 заштитни маски, како и 30 комуникациски уреди и има вкупна вредност од 21.996 евра.

Треба да знаете
Последни објави