Судот ја прифатил гаранцијата на Усеини, апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат,  но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација, велат за Телма од охридскиот суд.

Од таму објаснија и дека ја прифатиле гаранцијата во пари, која од првично понудените по 10 илјади евра, сумата пораснала на 15 илјади евра или вкупно 30 илјади за двајцата. Покрај укинувањето на притворот охрискиот суд предвидел и определување на мерки на претпазливост.

Во четврток им истекува 8 дневниот притвор на браќата.

Сами се пријавија во охридснкиот затвор на 26 ти месецов откако претходно 6 дена беа недостапни . Браќата Усеини се осомничени за нападот врз Охриѓанецот Спирко Топалоски и се води истрага за две кривични дела „насилство“ и „недозволено држење на оружје“. Според првичниот исказ на нападнатиот тој бил тепан со пиштол по глава, но потоа со изјава преку својот адвокат, Топалоски тврдеше дека не видел оружје и недоразбирањата се надминати.

Треба да знаете
Последни објави