Ходаи: Одлуката за целосна онлајн настава е скандалозна

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи, денеска од пред Владата на Северна Македонија им се обрати кон средношколците, напоменувајќи дека целосната онлајн настава не е  прифатлива за учениците од средните училишта.
-Образованието е најважната сила во општеството. Да не заборавиме дека онлајн учењето ги продлабочи поделбите. Ние нема да бидеме жртви на никој. Учениците треба да бидат признаени како рамноправни учесници во општеството. Бараме да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и враќање на учениците во училиштата. Да се образоваме правилно, точно и добро. Денеска сме собрани сите и наставници и родители и ученици за да го изразиме револтот од одлуката образовниот процес да продолжи онлајн. За нас оваа одлука е скандалозна. Пандемијата покажа колку е значајно образованието во едно општество. За Владата не се проблем преполните плажи и кафулиња, каде луѓето ги кршат мерките за заштита од Ковид, но проблем и е отворање на училиштата. Не сите семејства имаат услови за да им обезбедат онлајн учење на децата. Или донесете одлука за настава со физичко присуство или ќе се видиме на бојкот и помасовни протести – порача Ходаи пред Влада, истакна Ходаи.
Треба да знаете
Последни објави