Силекс преку Ренова скокна на врвот, Шкендија изненадена од Борец

Пресметката меѓу македонските претставници на евросцената Силекс и Ренова во рамките од 4. коло во прволигашката конкуренција му припадна на кратовскиот тим (3:1). Во вториот натпревар со кој се комплетира ова коло Борец приреди изненадување во Тетово каде извлече реми со фаворизираната Шкендија (1:1).

Македонскиот претставник во квалифиакциите од Лигата на шампионите Силекс со овој триумф ја презеде лидерската позиција во Првата македонска лига благодарение на подобрата гол-разлика.  Кратовци сега имаат скор од три победи и едно реми и поради подобрата гол-разлика од Шкупи кој има ист број на бодови.

Во интересен и динамичен натпревар Силекс до победата стигна откако направи резултаски пресврт. Ренова беше подобра на почетокот на натпреварот, а како што се приближуваше полувремето домашниот тим се повеќе притискаше и тоа вроди со два гола и пресврт кој на крајот резултираше со триумф.

Ренова поведе со голот на Рамадани уште во седмата минта, а стрелци за кратовскиот тим беа Георгиев во 43 и 58 и Ристов 45 минута.

Шкендија и Борец ремизираа (1:1). Шкендија напаѓаше, имаше повеќе од играта, но немаше реализација. Велешани први дојдоа во водство преку Станковски во 20.минута, а Дита во 34.минута израмни на 1:1.

Треба да знаете
Последни објави