Најмалку 51 лице загина во поплавите во Нигер, уништени илјадници домови

Поројните дождови и поплавите во Нигер, во изминатите два месеца, го одзедоа животот на најмалку 51 лице и уништија повеќе од 26.000 домови, соопшти денеска претседателот на земјата, јави ДПА.

-Околу 281.000 лица или 32.500 домаќинства се погодени од поплавите што почнаа во јули, рече претседателот Исуфоу Махамаду за време на итниот состанок на владата.

Покрај тоа, додава тој, како резултат на излевањето на реката Нигер уништетни се повеќе од 5.500 хектари под култури, пренесе ДПА.

Оваа западноафриканска земја погодена од сиромаштија е во средината на сезоната на дождови, која трае од мај до октомври, а најмногу врнежи има во јули и август.

Поплавите се вообичаена појава во Нигер, каде обилните врнежи од дожд секоја сезона на дождови предизвикуваат смрт и раселување, главно заради лошата инфраструктура, потсетува германската агенција.

Треба да знаете
Последни објави