Ангеловски посакува победничко загревање со Ерменија и Грузија пред дуелот со Косово

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски-Мрме денеска го имаше првиот собир и првиот тренинг со фудбалерите по пауза од десет месеци.  И покрај долгата пауза без репрезентативни натпревари поради коронавирусот, Ангеловски победнички настапи на стартот од новото издание во Лига на нации.

-Најпрво да го искажам личното задоволство, а тоа се гледа и по репрезентативците дека после подолго време повторно сме заедно. Тоа заедништво не красеше долги години, откако сме во репрезентацијата и токму тоа заедништво ни ги даде оние резултати кои ги остваривме на минатите натпревари. Паузата беше долга, но јас не сум ниту тренер ниту човек, кој гледа во минатото, туку гледам кон следните натпревари што ни следат а тоа се Ерменија и Грузија“, изјави Ангеловски.

Желбата на Ангеловски е две победи на стартот од новото второ издание во Лигата на нации против Ерменија (5 септември) и Грузија (8 септември). Овие натпревари треба да бидат и добра подготовка за она главното, полуфиналето во баражот со Косово за пласман на Европското првенство иднито лето, што се игра на 8 октомври во Скопје.

-Секогаш се фокусирам на секој следен натпревар, па за тоа со сите сили сме насочени најпрво кон дуелот со Ерменија. Да влеземе максимално мотивирани и да ги отвориме овие натпревари со победа, а воедно да ја искористиме и можноста што поподготвени да го дочекаме оној натпревар за месец дена што цела македонска јавност го очекува, против Косово во баражот за ЕП. Ние сега прво мислиме само на Ерменија, наше е да одиграме на високо ниво се со цел да го добиеме тој натпревар, истакна предводникот на македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави