Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров од денеска официјално ја презема функцијата во новата Влада. Димитров досега беше министер за надворешни работи, а шеф на дипломатијата сега е Бујар Османи, кој, пак, во претходната влада беше вицепремиер за европски прашања.
По повод преземањето на функциите Димитров и Османи денеска ќе одржат заедничка прес-конференција, пред зградата на СЕП.