Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес: ВМРО не победи во Струмица поради лошо скроени кандидатски листи

Интегрален текст од ијава на Десанка Илиевска,  член на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица

„Зоран Заев по втор пат стaна премиер. Зоран Заев кој беше критикуван дека го сменил името, дека дозволил двојазичност или дека склучил штетен договор со Бугарија, повторно ќе ја води владата.

Зоран Заев кој беше критикуван дека не направил ништо за земјоделците и дека тоне во корупција, ќе има контрола и врз извршната и врз законодавната власт. Критики за неговите неисполнети ветувања во Струмица имаше многу. За жал на крај во Струмица, Заев не победи со разлика од скоро 50%. СДСМ освои  над 14,5 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ над 10,5 илјади. Катастрофата што се случи е факт. ВМРО не победи во Струмица, иако раководството прогласуваше победа. Бевме поразени и тоа не заради лошото владеење на Заев и СДСМ. Тоа го знаеја сите. Бевме поразени заради тоа што струмичани не препознаа соодветна политичка понуда од наша страна. Имавме и лошо скроени кандидатски листи и непрепознатлива програма. Раководството на партијата ниту ја слушаше, ниту ја консултираше базата. Исто така и базата не добиваше соодветни насоки за работа од раководството.

Се на се, целосна некоординација и дисфункционалност во работењето.Комитетот не работи како што треба, а односите внатре не се на потребното ниво. За ваквата состојба мора да има одговорност. Одговорни не се членовите на месните комитети или општинскиот. Одговорно е највисокото раководство. ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите. Затоа мора да се смени врвот. Ние како членови од Општинскиот комитет Струмица се приклучуваме на барањето на останатите општински комитети и иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес и избор на ново раководство. Само со ново раководство може да се надеваме дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните и на тој начин да добиеме шанса да им помогнеме и на нив и на државата.

Треба да знаете
Последни објави