Оклахома се избори за мајсторка со Хјустон, Мајами поведе против Милвоки

Во НБА плејофот, ноќта понеделник кон вторник на распоредот беа две средби на кои победи забележаа Оклахома и Мајами.

Тимот на Оклахома ги задржи шансите за пласман во второто по победата над Хјустон со 104:100. Сега резултатот е изедначен на 3-3, па „мајсторката” ќе го одлучи патникот во конференциското полуфинале во Западната конференција.

Тандер во последната минута од натпреварот во Орландо влегоа со два поени негатива (98:100), меѓутоа со поените на Денис Шрудер, Крис Пол и Данило Галинари направија серија 6:0 и стигаа до победата. Ветеранот Крис Пол во последната четвртина блескаше и го влечеше својот тим. Тој во овој период постигна 15 од своите 28 поени. Одличен меч за Тандер одигра и Данило Галинари (25 поени, 5 скока). Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 32 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Победникот таму ќе се сретне со Лос Анџелес лејкерс.

На Исток, веќе се во тек натпреварите од полуфиналето. Бостон води против Торонто со 1-0, а ист е резултатот и на пресметката меѓу Мајами и Милвоки. „Жешките” ноќеска го совладаа Милвоки со 115:104.

За водството на Мајами од 1-0 најзаслужни беа Батлер со 40 и Драгиќ со 27 поени, додека кај поразениот тим најпрецизен беше Мидлтон со 28 поени.

Вечер играат:
Торонто – Бостон (втор натпревар 2. коло) и
Денвер – Јута (мајсторка 1. коло)

Треба да знаете
Последни објави