Речиси 300 починати од Ковид-19 во Косово во август

Повеќе од половината од 525 починати во Косово како последица на зараза од новиот коронавирус се регистрирани во август, шестиот месец на соочување со пандемијата, покажуваат официјалните статистики кои денеска ги пренесуваат неколку косовски медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во текот на овој месец борбата со Ковид-19 ја загубиле вкупно 298 лица, што претставува просек од речиси 10 починати дневно.

На 31 јули во Косово беа евидентирани 8.330 носители на вирусот и 227 смртни случаи како последица на епидемијата, додека 31 ден подоцна бројката на заболени се зголеми на вкупно 13.454 лица и 525 жртви. Тоа значи дека само во август 5.12 4лица кај коишто е извршено тестирање во косовските клиники резултирале позитивни на новиот коронавирус, што претставува просек од 165 нови случаи дневно.

Треба да знаете
Последни објави