Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил вчера околу 19 часот кога се судрила група мигранти. Еден добил убодни повредни опасни по живот, и починал набрзо по инцидентот.
„Околу 19:10 во областа на Илиџа еден емигрант доби повреди нанесени со остар предмет. На местото на настанот се полициски службеници и екипа на брзата медицинска помош, чиј лекар ја констатираше смртта во 19:50 часот синоќа“, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи на општина Сараево.