На 31.08.2020 во 16.00 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип, кај клучка Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха YZF R-6“ со швајцарски национални ознаки, управуван од Н.Б.(26) од Радовиш и товарно моторно возило „мерцедес 970“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(31) од Штип.
По незгодата Н.Б. и неговиот сопатник С.М.(23) од с.Ињево, радовишко, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде што на Н.Б. му била констатирана тешка телесна повреда, а на С.М. телесна повреда. Увид местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.