Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Петар Кон изјави дека не може да каже дека училиштата се потполно безбедни, но важно е да се почитуваат сите мерки за заштита.
Кон за Прва ТВ изјави дека не може да каже дека вирусот го нема и дека нема да биде во училиштата, како и дека е невозможно да се каже дека децата се апсолутно безбедни.
Кн ги советува родителите дека пред секое тргнување на училиште би требало да измерат температура и да проверат дали детето има некои здравствени проблеми. Исто така, важно е детето со себе да има маска и да знае правилно да ја употребува.
Д-р Кон истакнува дека маската може да извади за време на седењето на место каде што дистанцата е одредена, за маската да не се навлажнува. Исто така, важно е маската да се менува по потреба. Тој ја нагласува важноста на носењето маски, бидејќи тие ја спречуваат можноста од зараза и овозможуваат нормално следење на наставата