Македонските фудбалски претставници во второто по ранг европско клупско натпреварување Лига Европа, Силекс, Шкендија и Ренова доколку ја минат втората рунда од ова натпреаврување во третото квалифиакциско коло ќе се соочат со апсолутни фаворити и атрактивни ривали во најважната споредна работа на светот. Силекс кој не ја искористи шансата во квалифиакциите од Лигата на шампионите сега е на поправен во Лига Европа. Доколку ја елиминира косовската Дрита на 17 септември во 3. коло од шампионската група ќе и гостува на полската Легија Варшава.
Полјаците во ЛШ не ја искористија аворитска улога и загубија од Омонија од Кипар на домашен терен со 0-2, па се најдоа во Лига Европа. Силекс кој досега заработи 800.000 евра мечот со Легија во Варшава според распоредот ќе го игра на 24 септември.
Шкендија која има најдобар евро-рејтинг од македонските екипи ако се пробие во 3. квалифиакциско коло ќе го пречека англискиот Тотенхем предовден од Жозе Мурињо. Претходно тетовските „црвено-црни“ треба да го елиминираат во втората рунда на 17 септември на гостински терен романскиот Ботошани за кого настапуваат екс-македонските репрезентативци Стефан Ашковски и Давид Бабунски. За да дојде до овој дуел и Тотенхем ќе треба да ја потврди фаворитската улога во гости кај бугарскиот Локомотив од Пловдив.
И Ренова би играла во 3. коло со големо фудбалско име, турскиот Галатасарај, кој е голем фаворот против Нефчи во втората рунда. Претходно „гипсарите“ ќе имаат тешка задача како домаќини да го елиминираат хрватскиот Хајдук од Сплит. Ренова е домаќин на Хајдук на 17 септември, а ако го мине ќе игра со Галатасарај или Нефчи една недела подоцна на гости. Нефчи во првото коло го елиминира Шкупи.