Енергичен ден во Владата денеска на конститутивната владина седница во чија атмосфера зрачеше елан и многу мотивација за работа која ја потврди мојата увереност дека ова е фантастичен тим кој ќе постигне многу. Пред нас е пред се национален и глобален економски предизвик, со кој ќе се справат само вистинските професионалци, напиша денеска по седницата на својот фејсбук вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по пвиот работен ден на новата функција.