Американскиот демократски претседателски кандидат, Џо Бајден, во август забележа рекорд во прибирањето донации за својата кампања, со собрани повеќе од 300 милиони долари, пишува денеска „Њујорк Тајмс”, повикувајќи се на два извора.
Бајден, кој во последните анкети води пред актуелниот претседател Доналд Трамп, во претходниот месец собра 140 милиони долари.
Кампањата на Бајден во август, исто така, очекуваше повеќе донации поради Демократската национална конвенција и изборот на сенаторката од Калифорнија, Камала Харис, за кандидат за негов потпретседател.
Индивидуалната донација може да изнесува најмногу 710.300 американски долари.
„Њујорк Тајмс” пишува дека кандидатот на демократите со ова го надминал досегашниот рекорд на Барак Обама од септември 2008 година, кога собра 193 милиони долари.
Бајден и групите што го поддржуваат само за време на виртуелната национална конвенција, одржана од 17-20 август, собраа 70 милиони долари.
Кампањата на Трамп, која во јули собра 165 милиони долари, се уште не соопшти колку донации примила во август.