Белградскиот фудбалски тим Партизан од денеска има нов тренер. На жешкото столче кај трофејниот српски тим седнува повратникот Александар Станојевиќ, кој го наследува Саво Милошевиќ.
Станојевиќ се враќа меѓу „црно-белите“ по осум и пол годишна пауза, а во овој период работеше главно во странство и доволно заработил, за парите да не му бидат во преден план кога се договарал за нова соработка со „црно-белите“. Медиумите во Србија откриваат дека старо-новиот трефеен тренер Станојевиќ кој потпишал двегодишен договор ќе има исти примања како и Милошевиќ кој си поднесе оставка по поразот од Војводина во Нови Сад.
Тоа значи дека платата на Станојевиќ ќе изнесува 25.000 евра, или 300.000 годишно, но тоа не е се, бидејќи за освојувањето на трофеи и забележителните настапи на меѓународната сцена ќе има и дополнителни бонуси.