(Видео) Хаос на протестите во Бугарија, повредени 45 лица

Хаос на улиците во Бугарија, 45 лица завршија во болница. Илјадници граѓани излегоа на улиците на главниот град Софија на еден од најголемите протести во последните два месеци откако е побарана оставка од премиерот Бојко Борисов.

56-от по ред протест, прогласен за „Големо народно востание“, започнал во 8 часот наутро со силно извикување „оставка“, блокада на парламентот на почетокот на есенската пленарна седница и судири со полицијата, објавуваат бугарските медиуми.

Зградата на поранешниот партиски дом, каде што новата пленарна сала денес ги пречека пратениците за првпат, била под опсада од незадоволната толпа. камења, шишиња, јајца и разни предмети од блискиот шаторски камп, летале кон униформираните полицајци.

Демонстрантите ги обвинуваат премиерот Борисов и главниот обвинител Иван Гешев за неуспех во борбата против корупцијата.Ууапсени се 35 демонстранти, а околу 45 лица, вклучително и полицајци, завршиле во болница.

Треба да знаете
Последни објави