По неодамнешната изјава на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос за својот колега од редовите на Барселона, Лео Меси околу неговото заминување од „Камп Ноу“ и што тоа ќе значи за шпанската Примера се огласи и хрватскиот интеранционалец од редовите на „кралевите“ Лука Модриќ.
Хрватот има идентичен став како и Рамос и е убеден дека доколку Меси ја напушти Барселона, тоа ќе биде сериозен удар за Примера и атрактивноста на лигашкото натпреварување.
-Доколку се случи тоа, сигурно дека ќе биде голем удар за сите нас, за првенството. Но мора да одиме напред, други играчи ќе бидат идни ѕвезди. Кога Кристијано замина од Мадрид, исто нешто се случи, животот во Реал Мадрид не беше ист без него, тоа не беше добро за Барселона, како што исто не би било добро за нас ако Меси ја напушти Примера, смета Модриќ.
Барселона по исклучително лошата завршница во сезоната, загуби титула во Примера и беше понижена во ЛШ, го промени тренерот, дојде нов, па се очекува мини ремонт во следните неколку недели.