Американскиот претседател издаде меморандум според кој на неговата администрација ѝ било наредено да го скрати буџетот на одредени американски градови.
Тие градови беа цел на Трамп затоа што наводно не се во можност да спречат воспоставување на, како што Трамп ги нарекува, нелегални зони. Сепак, градоначалникот на еден од тие градови, Њујорк, веднаш реагираше на меморандумот на Трамп.
„Тој не може да има доволно телохранители за да прошета низ улиците на Њујорк“, му порача градоначалникот на еден од најголемите градови во САД, Ендрју Куомо, на претседателот на САД.
„Заборавете на телохранителите, подобро би било да има војска, ако мисли дека шета низ улиците на Њујорк“, додаде Куомо, кого го цитираше американската телевизија „Фокс њуз“.
„Тој е персона нон грата во Њујорк и мислам дека го знае тоа и мислам дека никогаш нема да се врати во Њујорк затоа што њујорчани не заборавија колку беше злобен кон нив“, додаде Куомо.