Двеста евра од ден за лекување на пациенти со ковид 19

Околу 200 евра чини еден ден болничко лекување на пациент со ковид-19, додека болен приклучен на респиратор над 4 дена ја чини државата 5.700 евра. Ова се податоци кои дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК ги добила од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) врз основа на првичните анализи кои ги направиле за лекување на пациентите од почетокот на пандемијата до сега. Од Фондот за здравство велат дека немаат точни бројки колку досега ја чини државата лекувањето на вирусот ковид-19,  бидејќи станува збор за нова болест која ја нема во ценовникот на здравствените услуги (ДРГ). Болниците поради тоа не знаат како да ги фактурираат трошоците за лекување на пациентите и затоа добиваат нереални фактури.

Ковид-19 се смета за вирусно заболување и во ценовникот на Фондот за здравство, лекување на вирусно заболување чини 26.601 денари. Оваа цена од 26.601 денар е без разлика колку дена пациентот лежи во болница. Но, ковид-19 не може да се пресметува според оваа цена, бидејќи од досегашното искуство констатирано е дека лекувањето на позитивните пациенти во болнички услови чини многу повеќе.

Треба да знаете
Последни објави