Во Јапонија потона товарен брод со екипаж од 43 лица, кој носел 5.800 крави

Товарен брод со екипаж од 43 лица, кој носел 5.800 крави, потона  во силно невреме на 185 километри западно од јапонскиот остров Амами Ошима.

„Доцна синоќа, спасувачите на крајбрежната стража пронајдоа преживеан маж, идентификуван како 45-годишен филипински главен офицер, кој рече дека носел спасувачка јакна по предупредувачката порака на бродот. Тој изјави дека еден од моторите на бродот запрел, по што бран го превртел бродот, кој подоцна потонал, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Подоцна бил забележан гумен чамец во областа каде се трага по преживеаните, но крајбрежната стража соопшти дека не е потврдено дали е поврзан со бродот.

Во акцијата за пребарување и спасување учествувале три брода на крајбрежната стража, пет авиони и специјално обучени нуркачи.

Бродот превезувал екипаж од 39 Филипинци, двајца од Нов Зеланд и двајца Австралијци, како и 5.800 крави.

Треба да знаете
Последни објави