Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, назначи нови шефови на службата за безбедност КГБ, Советот за безбедност и Државниот комитет за контрола.
Според официјалните резултати, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, убедливо победи на изборите одржани на 9 август, со освоени 80,1 процент од гласовите, објави “Ројтерс“.
Опозицијата одби да ги признае резултатите, тврдејќи дека е извршена изборна кражба, по што избија масовни протести во земјата, на кои демонстрантите бараа Лукашенко да си даде оставка.