Албанија е на трето место во Европа за бројот на убиства по глава на жител, покажуваат податоците на Евростат и албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, кои се однесуваат на 2017 година.
Во 2017 година, според ИНСТАТ, имало вкупно 68 жртви на убиства во земјата, од кои 56 биле мажи и 12 жени. Во однос на населението од таа година, објавено од ИНСТАТ, произлегува дека имало 2,36 убиства на 100 илјади жители.
-Евростат наведува дека во 2017 година, меѓу земјите-членки на ЕУ, Летонија забележала највисока стапка или 3,75 убиства на 100.000 жители, втора е Литванија со 2,82 трета е Албанија, а по неа се Малта и Романија со 1,6 односно 1,5 убиства на 100.000 жители. Од земјите во регионот, во Србија има 1,3 а во Турција 1,7. Просекот на Европската унија е 0,7 убиства на 100.000 жители, стои во анализата направена од списанието „Монитор”.
Се додава дека во Албанија, најголем број убиства во последните пет години е забележан во 2016 година, 99, по што следните две години регистрани се по 68 убиства.
Во 2019 година имало вкупно 75 убиства, од кои 13 (или 17 отсто) биле жени. Во однос на населението, жртвите на убиства на 100.000 жители се зголемиле на 2,62, од 2,36 во 2017 година.
Во 2019 година, регистрани се и 93 обиди за убиство, наспроти 150 колку што имало во 2018 година.