Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови.
Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.
Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата.
Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи.